Повеќе од четириесет години,
CCHR (Граѓанската комисија
за човекови права) ја предводи битката за човекови права
во областа на менталното здравје,
за што добива бројни признанија
од државни инситуции, законодавци и организации ширум светот.

ДОСТИГНУВАЊА НА ГРАЃАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Повеќе од четири децении работа на изведување на психијатријата пред правдата

Граѓанската комисија за човекови права е предводник на реформите во областа на менталното здравје од 1969 година. Комисијата е признаена од специјалниот известувач во Комисијата за човекови права на Обединетите нации како одговорна за „бројни големи реформи“ кои ги штитат луѓето од психијатриската злоупотреба. CCHR има документирано илјадници индивидуални случаи кои покажуваат дека психијатриски медикаменти и честопати брутални психијатриски практики водат до лудило на лицата кои ги претрпуваат истите и ги поттикнуваат на насилство кај овие лица.

Во текот на повеќе од четири децении, работата на CCHR помогна да се спасат милиони животи и да се спречи непотребното страдање на голем број луѓе. Тоа поттикна голем број на држави да воведат задолжителна согласност која едно лице треба да ја даде врз основа на претходни информации пред да започне со психијатриско лекување како и право на правен застапник, адвокат, правна помош и обесштетување за пациентите. Во некои земји, употребата на психо-хирургијата и електрошокот врз деца се забранети.

Со стотици ограноци во 34 земји, членовите на CCHR се активни ширум светот – организираат маршеви, јавни расправи, изложби и други акции за да се подигне јавната свест за криминалот што се шири во психијатријата.

Она што следи е резиме на многуте достигнувања на CCHR:

Законски права и согласност врз основа на претходни информации
  • Во раните 1970-ти, истрагите на CCHR поттикнаа владини истраги во државните психијатриски установи во државите Калифорнија, Илиноис, Хаваи, Мичиген и Мисури, благодарение на откритијата на CCHR за на злоупотреби на пациенти. Ова резултираше со отпуштање на директори на болници и психијатри, спроведување на истраги за сторено криминално дело и затворање на големите психијатриски одделенија поради откриени злоупотреби.

  • Во 1976 година, благодарени на напорите на CCHR, се донесе првиот закон за заштита на пациентите од присилен електрошок и психохирургија во Калифорнија, со кој се забрануваат присилен електрошок и психохирургија врз деца под дванаесет години и се воведува давањето на согласност врз основа на претходна информираност. Ова прерасна во модел на закон, кој беше суштински прифатен од законодавните тела низ САД но и во други земји. Исто така, Тексас воведе обврска за психијатрите со која тие мора да се погрижат да се направат извештаи од обдукцијата за секој смртен случај кој настанал во рок од четиринаесет дена од примен електрошок.

  • Во Италија, родното место на електрошокот, регионалниот парламент Пиемонт по доказите на CCHR, едногласно ја изгласа забраната на употребата на електрошокот кај деца, постари лица и бремени жени.

  • Во 1990-тите, CCHR помогна да се открие и разоткрие фактот дека годишно се случуваат и до 150 смртни случаи поради воздржување на лица, и тоа само во САД, при што речиси десет проценти од случаите се деца, некои на возраст од шест години. Во 1999 година беа донесени федерални регулативи со кои се забранува употреба на физички и хемиски (со психотропни медикаменти) воздржувања заради присилување или дисциплинирање на пациентите, и со кои се наложи „национален систем за известување“ и се скрати финансирањето од државата за секоја установа што не е усогласена со регулативите.

  • Во 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, CCHR ја предводеше кампањата за разоткривање и забрана на Третманот за длабок сон (DST) во приватната психијатриска болница Челмсфорд во Сиднеј, Австралија. „Третманот“ вклучуваше онесвестување на пациентот за период од три недели со коктел од психијатриски медикаменти и секојдневно давање на електрошокови и тоа без согласност на пациентот. Со овој „третман“ биле убиени 48 лица. CCHR се избори забраната да се воведе во Законот за ментално здравје и да се уреди постапката како кривично дело за психијатрите кои ја спроведуваат. CCHR, исто така, се избори да се спроведе истрага на највисоко ниво во државата за DST и за менталното здравје, што поттикна значителни реформи.


Заштита на правата на децата

  • Работејќи со новинари, CCHR помогна да се истражи и последователно да се разоткрие фактот дека голем број на пукања во училиштата биле предизвикани од лица кои биле под дејство на психијатриски медикаменти, за кои постојат докази дека предизвикаат насилство, самоубиство и манија, што резултираше со јавни сослушувања кои го истражуваа ова прашање и истото предизвика интерес од националните медиуми за поврзаноста меѓу бесмислените акти на насилство и психијатриски медикаменти.

  • CCHR, исто така, документира бројни случаи на родители кои биле принудени/притиснати или натерани да им даваат психијатриски медикаменти на своите деца како услов за одење на училиште, вклучително и родители обвинети за медицинско занемарување на децата затоа што одбиле да му дадат на своето медикамент кој е регистриран дека предизвика самоубиство и насилство. Работејќи со родители, лекари и бројни застапници за граѓански и човекови права, ова прашање беше изложено во националните медиуми, беше изнесено пред државните и федералните законодавци и резултираше со усвојување на забраната за принудување на родителите да ги ставаат своите деца на психијатриски медикаменти во 2004 година.

  • Комитетот на Обединетите нации за правата на детето одговори на извештаите од CCHR Финска, Австралија и Данска, изразувајќи загриженост дека ADHD и ADD „се погрешно дијагностицирани и затоа психостимулативните медикаменти се препишуваат, и покрај зголемените докази за штетните ефекти на овие медикаменти“. Комитетот препорача „колку што е можно повеќе да се користат други форми на справување и третман за да се решат овие нарушувања во однесувањето“.

  • Во 1991 година, пред сè поради напорите на CCHR, Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) одржа сослушувања за антидепресивот Прозак, каде што десетици потрошувачи сведочеа дека медикаментот ги претворил луѓето без претходна историја на психоза, во лица со самоубиствени и убиствени нагони. Поради личните интереси на членовите на одборот на FDA кои имале право на глас, не била преземена акција за заштита на јавноста сè до речиси тринаесет години подоцна, по десетгодишната кампања на CCHR со која се изложија опасностите од овие медикаменти, а при тоа FDA (под притисок од Конгресот) конечно издаде најсилно предупредување дека антидепресивите можат да предизвикаат самоубиствени мисли и постапки кај лица на возраст од 18 години и помлади. Ова подоцна беше преиначено во 24-годишна возраст.

  • Во 2007 година, по соработката на CCHR со свиркачи, родители и групи на потрошувачи, се изработи нацрт-законот на FDA со кој стана задолжително за сите фармацевтски реклами да ги советуваат пациентите дека треба да ги пријават во FDA несаканите реакции на лекот. По објавувањето на првите реклами, бројот на пријави за несакани реакции на медикаменти се зголеми за триесет и три проценти.

Обезбедени човекови права

  • CCHR фотографираше, а потоа изложи тајни психијатриски „работни логори“ во Јужна Африка каде десетици илјади Африканци беа затворени во 1970-тите и 1980-тите години, против нивна волја, во напуштени рударски населби и каде тие биле дрогирани и подложени на електрошок без анестетици. Владата на апартхејдот одговори во 1976 година со забрана за фотографирање или ширење на какви било информации за психијатриските институции, при што CCHR овозможи истрага од Светската здравствена организација која ги потврди наводите на CCHR. Кога заврши апартхејдот, CCHR презентираше усно и писмено сведочење до Комисијата за вистина и помирување на Јужна Африка која ги истражуваше злосторствата на апартхејдот и поттикна истрага од владата за психијатриски расизам. Владата ја укина забраната за откривање информации за психијатриска злоупотреба.

  • CCHR во Германија спроведе сеопфатно истражување со кое убедливо се докажува дека од водечките германски психијатри е произлезена теоријата, како и „научното“ оправдување за уништување на „животи кои се недостојни за живеење“ на нацистичката влада. Евтаназијата најпрво била пилотирана во психијатриски институции пред да биде извезена во концентрационите логори. Многу нацистички психијатри ја избегнаа правдата на Нирнбершкиот процес и продолжија со своите практики по војната. Во 1995 година CCHR ја објави познатата книга „Психијатри: луѓето зад Хитлер“. Четири години подоцна, Германското здружение на психијатри објави извештај во кој се потврдува дека психијатрите биле „оние кои ги преземале активностите и кои биле првенствено одговорни за различните организации за евтаназија. Тие ги воделе и насочувале различните кампањи за евтаназија“. Тие „го набљудувале и контролирале изборот на оние што ќе бидат убиени“.

  • CCHR опширно го истражуваше етничкото чистење во Босна и Косово, известувајќи ги своите наоди до Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг и Советот на Европа. Откри дека зад конфликтот стојат психијатриски идеи за расно чистење и евгеника, особено зад делата на Јован Рашковиќ, основач на Социјалдемократската партија и Радован Караџиќ, воен водач – двајцата психијатри. Во 1999 година, членовите на Советот на Европа издадоа резолуција со која ги признаваа психијатрите како архитекти на етничкото чистење и ги охрабрија членовите на Советот да го „проучат материјалот што е составен и истражуван од францускиот огранок на Граѓанската комисија за човекови права.” Кога Караџиќ беше фатен во 2008 година, масовно беше објавено дека етничкото чистење на Караџиќ произлегува од неговото психијатриско потекло.

  • Во соработка со функционери и членови на италијанскиот парламент, CCHR Италија изврши увид во условите во психијатриските установи во земјата кои наликуваа на оние во концентрационите логори. Персоналот ги крадел државните средства додека пациентите биле оставани голи и гладни. Владата одговори на овие доказ со резолуција со која се нареди затворање на деведесет и седум установи. Злоупотребените и запоставени затвореници беа префрлени во хумани домови, многумина научија да читаат, пишуваат и да се грижат за себе за првпат по триесет години. На CCHR ѝ беше доделен медал за хуманитарните напори.

Откривање на криминална психијатриска злоупотреба

CCHR води кампања за бескомпромисно спроведување на правдата за лекарите во областа за ментално здравје кои ги силуваат или сексуално ги злоупотребуваат своите пациенти, но се кријат зад нивните улоги како терапевти за да ги ублажат сопствените злосторства. Во заштитата на пациентите од сексуална злоупотреба и измама, подолу се наведени примери за постигнати заштитни мерки:

  • Донесени се најмалку дваесет и пет статути со кои се дефинираат сексуалните злосторства извршени од психијатри и психолози во САД, Австралија, Германија, Шведска и Израел. Со законите се уредува дека сексуалниот однос меѓу терапевти пациент претставува сексуален напад или силување. Стотици психијатри и психолози се осудени и затворени.

  • Истрагите на CCHR доведоа до тоа голем синџир на приватни психијатриски болници во САД да биде под истрага во четиринаесет федерални и државни истраги за измама и злоупотреба на пациенти. Пред да биде затворен синџирот на болници платил над 1 милијарда долари во кривични и граѓански казни. Подоцна беа донесени закони со кои се забранува практиката на користење „ловци на награди“ за лоцирање на поединци со добро осигурување со цел неволно да се институционализираат во психијатриски установи и да им се искористи нивното осигурување.

  • По ова предмет на истрага биле многу други приватни комерцијални психијатриски болници. До 2003 година, државните и федералните власти воделе кривични истраги за над осумдесет проценти од приватните психијатриски болници во САД, што резултираше со 2,1 милијарди долари во кривични и граѓански казни.


PSYCHIATRY: AN INDUSTRY OF DEATH
The most complete
and devastating documentary
of psychiatric abuse ever produced.