
Доколку познавате некој што е жртва на психијатриска злоупотреба, известете нѐ.
Граѓанската комисија за човекови права (CCHR) е непрофитна организација која ги следи случувањата во областа на менталното здравје, и која помогнала да се донесат повеќе од 180 закони за заштита на лицата од злоупотреба и принуда во оваа област. CCHR долго време се бореше да ги врати основните неотуѓиви човекови права на полето на менталното здравје, меѓу кои правото на целосна информираност на лицето пред давање на согласност во однос на медицинската легитимност на психијатриската дијагноза, обелоденување на ризиците од психијатриските третмани, правото на сите достапни медицински алтернативи и правото на лицето да одбие штетен третман.
CCHR е основана во 1969 година од Скиентолошката црква и професорот по психијатрија д-р Томас Сас во време кога пациентите биле сместувани во институциите и лишувани од нивите уставни, граѓански и човекови права.
CCHR функционира исклучиво како чувар на менталното здравје, соработува со многу професионалци од областа на медицината, вклучително лекари, научници, медицински сестри и оние неколку психијатри кои зазеле став против биолошкиот/дрогерскиот модел на „болест“ кој постојано се промовира од психијатриската/фармацевтската индустрија како начин за продажба на медикаменти. CCHR нема политичка, верска ниту профитна позадина и како организација посветена е исклучиво на искоренување на злоупотребата во областа на менталното здравје и на носење закони за заштита на пациентите и потрошувачите. Одборот на советници на CCHR, наречен комесари, вклучува лекари, научници, психолози, адвокати, законодавци, едукатори, професионалци од бизнис заедницата, уметници и претставници на организациите за граѓански и човекови права.
Луѓето често прашуваат дали CCHR смета дека никој никогаш не треба да зема психијатриски медикаменти, но оваа веб-страница не се занимава со мислења. CCHR е посветена на обезбедување информации кои психијатриската/ фармацевтската индустрија, која тежи повеќе милијарди долари, не сака луѓето да ги видат или да ги знаат. Затоа, вистинското прашање е дали луѓето имаат право на сите информации за (А) познатите ризици од медикаментите и/или за третманот од непристрасен медицински преглед кој не се темели на конфликти на интереси, (Б) медицинската валидност на дијагнозата за која се препишуваат медикаментите, (В) сите опции кои постојат без медикаменти (што е суштината на согласност дадена врз основа на претходни информации) и (Г) право да се одбие каков било третман што се смета за штетен.
CCHR работи повеќе од 50 години на правото на луѓето да ја дадат својата согласност врз основа на претходна целосна информираност кога станува збор за менталното здравје и правото на луѓето да ги имаат сите информации во врска со психијатриските дијагнози и третмани, а не да ги добиваат само оние информации што доаѓаат од оние кои имаат интерес да ги дозираат информациите.
И токму во овој дух ви ги претставуваме видеата, блоговите, вестите, медицинските експерти и информациите, кои се создадени за да ве вооружат со факти.
Ние сме непрофитна организација и со помош на донации од јавноста ние можеме да ги одржуваме нашите едукативни кампањи.
Политика за приватност | Услови на користење
© 2023 Граѓанска комисија за човекови права Македонија Скопје. Сите права се задржани. CCHR логото, CCHR и Граѓанската комисија за човекови права се заштитни и услужни знаци во сопственост на Граѓанската комисија за човекови права.