
Психијатриските нарушувања не се медицински болести. Не постојат лабораториски тестови, скенирања на мозокот, рендгенски снимки или тестови за хемиска нерамнотежа што можат да потврдат дека секое ментално нарушување е физичка состојба. Ова не значи дека луѓето не се депресивни или дека луѓето не можат да искусат емоционален или ментален притисок, но психијатријата ги сместува овие емоции и однесувања под „болести“ со цел да продава медикаменти. Ова е брилијантна маркетинг кампања, но не е наука.
„…модерната психијатрија сè уште не обезбедила убедливи докази за генетската/биолошката причина за секоја поединечна ментална болест… На пациентите им се дијагностицира ‘хемиска нерамнотежа’ и покрај фактот што не постои тест со кој би се поддржало таквото тврдење, и…нема концепт за тоа како би изгледал исправната хемиска рамнотежа“. — Др. Дејвид Кајзер, психијатар
„Не постои биолошка нерамнотежа. Кога луѓето доаѓаат кај мене и ми велат: ‘Имам биохемискa нерамнотежа’, им велам: ‘Покажи ми ги твоите лабораториски тестови.’ Нема лабораториски тестови. Тогаш во што е биохемискaтa нерамнотежа?“ — Др. Рон Лејфер, психијатар
„Заедничко на сите психијатри е тоа што кога ќе бидат фатени на камера или пред микрофон, тие се плашат и признаваат дека не постојат хемискa нерамнотежа/болести, ниту пак постојат прегледи или тестови со кои би се докажале истите. Она што тие го прават во практика е лажење, укинување [одземање] на правото на секој пациент да ја даде својата согласност врз основа на претходни информации како и труење на пациентите во име на нивно ‘третирање’, а што е еднакво на кривично дело“. — Др. Фред Богман Јр., педијатриски невролог
„Психијатријата се користи со недокажани тврдења дека депресијата, биполарните болести, анксиозноста, алкохолизмот и мноштвото други нарушувања имаат првенствено биолошко и најверојатно генетско потекло… Овој вид на верба во науката и напредокот е запрепастувачки, поточно наивен и е најверојатно производ на заблуда.” — Др. Дејвид Кајзер, психијатар
Иако „постојат наводни биохемиски објаснувања за психијатриските состојби… сепак ниту едно не е докажано. Напротив. Кај сите случаи кога се мислело дека е пронајдена нерамнотежа, подоцна се докажало дека тоа е неточно“. — Др. Џозеф Гленмулен, психијатар од Медицинскиот факултет на Харвард
„Се инсистира на теориите не само затоа што нема ништо друго со што би можеле да се заменат, туку и затоа што тие се корисни во промовирањето на третманите со медикаменти“. — Др. Елиот Валенштајн, автор на книгата „Вината е во мозокот“
„Не постои испитување на крвта ниту друг биолошки тест за да се утврди присуството или отсуството на ментална болест, како што постои за повеќето телесни болести. Ако се развие таков тест… тогаш состојбата би престанала да биде ментална болест и наместо тоа, би била класифицирана како симптом на телесна болест“. — Др. Томас Сас, почесен професор по психијатрија, при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Њујорк, Сиракуза.
„Верувам дека јавноста и самата психијатрија ќе увидат дека етикетите од Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања не само што се бескорисни како медицински ‘дијагнози’, туку можат да направат голема штета – особено кога се користат како средства за негирање на индивидуалните слободи или како оружје на психијатрите кои настапуваат како платеници на правниот систем“. — Др. Сидни Вокер III, психијатар
„Не се пронајдени биохемиски, невролошки или генетски маркери за нарушувањето поврзано со недостиг на внимание, нарушување поврзано со дрскост и инатење, депресија, шизофренија, анксиозност, компулсивна злоупотреба на алкохол и дрога, прејадување, коцкање или која било друга таканаречена ментална болест или нарушување.” — Брус Левин, д-р, психолог и автор на „Бунт на здравиот разум“
„За разлика од медицинските дијагнози кои укажуваат на можна причина, соодветен третман и прогноза за исходот, нарушувањата наведени во ‘Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања IV’ се термини до кои е дојдено преку консензус во рамки на професијата“. — д-р Тана Дајнин, канадски психолог

PSYCHIATRY: AN INDUSTRY OF DEATH
The most complete
and devastating documentary
of psychiatric abuse ever produced.
Политика за приватност | Услови на користење
© 2023 Граѓанска комисија за човекови права Македонија Скопје. Сите права се задржани. CCHR логото, CCHR и Граѓанската комисија за човекови права се заштитни и услужни знаци во сопственост на Граѓанската комисија за човекови права.